Заменик Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Фатмире Исаки денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Индонезија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Иван Богананта.
ЗМНР Исаки му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Богананта и изрази очекување дека односите меѓу двете земји наскоро ќе добијат нова динамика, имајќи го предвид заемниот интерес за продлабочување на соработката и неискористените потенцијали од двете страни.
Амбасадорот Богананта истакна дека меѓу неговите приоритети за работа се вбројува интензивирањето на економската соработка, унапредувањето на трговската размена и поголемото присуство на индонезиски инвеститори во Република Северна Македонија.
На средбата беше разгледана досегашната соработка во културата и образованието и воедно разговарано за мултилатералната соработка и други актуелни меѓународни теми.