Билатерални односи со Република Индија


Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Индија се воспоставени на 9 февруари 1995г.  


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори  предмет на ратификација

1. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Индија за поттикнување и заемна заштита на инвестиции“

  • склучен во Скопје, на 17 март 2008 година.
  • во сила од 17 октомври 2008 година
  • вон сила од 5 август 2018 година 

2. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Индија за укинување на визниот режим за носителите на дипломатски пасоши“

  • склучен во Њу Делхи, на 20 јануари 2009 година.
  • во сила од 15 мај 2010 година

3. „Договор меѓу Република Македонија и Република Индија за одбегнување на двојно оданочување“ 

  • склучен во Њу Делхи на 17 декември 2013 година 
  • во сила од 12 септември 2014 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Протокол за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Индија“

  • склучен во Њу Делхи,  на 11 февруари 2004 година 

2. „Меморандум за разбирање меѓу македонската Стопанска комора, Економската Комора на Македонија, Економската комора на Северо-западна Македонија и Конфедерацијата на индиската индустрија (CII)“

  • склучен во Скопје на 11 јули 2012 година

3. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за здравство на Република Македонија Sahara India Pariwar“

  • склучен во Скопје на 25.01.2013 година

4. „Меморандум за разбирање за соработка  во продолжено образование и стручно усовршување  во области од заемен интерес  и експертиза“ 

  • склучен во Скопје на 25.01.2013 година

5. „Меморандум за разбирање меѓу Директоратот - Дипломатска академија, Министерство за надворешни работи, Република Македонија и Институтот за дипломатска служба, Министерство за надворешни работи, Република Индија“

  • склучен во Њу Делхи на 17 декември 2013 година

 

 

Последно ажурирање: 23 ноември 2020