Кои се потребните документи за упис во матичната книга на родените на новородено дете?


За запишување на дете во МКР (матичната книга на родените) на Република Северна Македонија потребно е: 

- Извод од матичната книга на родените на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976. За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е пр. Египет), изводите од МКР треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.

- ПРИЈАВА за запишување во МКР која треба да биде поднесена од двата родители кои треба лично да ја потпишат во амбасадата. 

- Патни исправи на родителите

- Извод од матична книга на венчани за родителите

- Виза за законски престој на детето и родителите во државата на акредитација на ДКП

- Изјава за согласност од едниот родител што е странец, дека се согласува детето да стане наш државјанин

Последно ажурирање: 23 ноември 2020