Дали постојат други услови за влез во Шенген зоната?


Не постојат дополнителни финансиски или административни услови кои треба да ги исполнуваат лицата кои поседуваат биометриски пасош за да патуваат слободно во земјите од Шенген-зоната. Меѓутоа, вообичаените услови  за  влез  на  сите  државјани  на  други  земји  кои  патуваат  во  Шенген-зоната  се  применуваат.  На  граничните премини, на патниците може да им бидат побарани докази дека располагаат со средства за тоа патување, како и со средства со кои ќе се издржуваат во текот на престојот во Шенген-зоната. На патниците, исто така, може да им биде побарано да покажат каде ќе престојуваат (на пример, хотелска резервација или адресата на која ќе престојуваат). Покрај тоа, патниците не треба да се сметаат за закана за јавниот ред, јавното  здравје  или  внатрешната  безбедност,  и  не  треба  да  се  лица  за  кои  се  доставени  предупредувања  за одбивање на нивниот влез во земјата (на пример заради претходно пречекорен период на престој или други причини). 

Последно ажурирање: 23 ноември 2020